Кавадарчанец преку инстаграм профил ја нудел својата малолетна девојка – парите ги земал сам

Деветнаесет годишен кавадарчанец е осомничен за кривично дело – Посредување во вршење проституција од член 191 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка.
Кавадарчанецот во последните два месеца ја врбувал и наведувал на проституција својата малолетна девојка. Како што соопшти обвинителството, осомничениот преку нејзиниот инстаграм профил до кој имал пристап, пишувал во нејзино име и договоарал средби со повеќе лица. Потоа, ја наведувал да оди на средбите и да има сексуални односи со лицата за парични средства и парите му ги давала на осомничениот.
Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или дека ќе се обиде да влијае на сведоците, надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.
Стефани Манева
