Кавадарчанец пукал а дијаболите завршувале кај неговиот сосед
Објавено на 25 април, 2023 во 14:58

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, во 19:20 часот, четириесет и две годишниот кавадарчанец Ѓ.М бил лишен од слобода. Тој се сомничи дека дваесеттина минути претходно, од терасата од својот дом со пневматски пиштол „колт“ испукал неколку дијаболи кон
патот и терасата на негов сосед.
Ѓ.М бил приведен во полициска станица и пиштолот и дијаболите му биле одземени. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева
