Кавадарчанец се заканувал на сопругата, друг физички ја нападнал својата сосетка
Објавено на 13 септември, 2022 во 11:14

Триесет и две годишниот кавадарчанец Г.А и се заканувал на својата сопуга по што вчера бил приведен во полициска станица Кавадарци. Истиот ден, 12 септември, во Одделение за внатрешни работи Кавадарци 47 годишна кавадарчанка пријавила дека претходниот ден во попладневните часови, околу 17:30, во дворот од својата семејна куќа била физички нападната од соседот А.М.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека двајцата кавадарчани биле приведени и по целосно документирање на двата случаи против нив ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева
