Кавадарчанец возел со 2,52 промили алкохол во крвта и излетал од патот

Објавено на 12 мај, 2025 во 13:53

Четириесет и четири годишниот Г.Т од Кавадарци бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци откако управувал моторно возило под дејство на алкохол и излетал од патот.

Според информациите од Сектор за внатрешни работи Велес, сообраќајната несреќа се случила на 11 мај, околу 17:10 часот на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај местото викано Рамниште, каде возачот на автомобилот „Фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски таблички, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

По интервенција на полицијата било утврдено дека Г.Т. управувал со дури 2,52 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.