Кавадарчанец вработен во јавно претпријатие физички го нападнал директорот

Објавено на 18 октомври, 2023 во 10:48

Шеесет и едно годишниот Т.Ѓ од Кавадарци, во текот на вчерашниот ден, поточно во 15:40 часот, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци.

Како што соопштуваат од СВР Велес, Т.Ѓ бил вработен во јавното претпријатие и во текот на денот, на работното место физички го нападнал својот директорот, шеесет и две годишниот Ј.Н од Кавадарци.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.