Кавадарчанка пронашла кредитна картичка и ја користела, доби кривична пријава

Објавено на 25 август, 2023 во 10:46

Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против дваесет и пет годишната кавадарчанка А.Б поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според пријавеното, кавадарчанката во средата, на 23 август, од дворот на оштетениот во село Дреново одзела кредитна картичка која била падната на земја и истиот ден во неколку наврати ја искористила и се стекнала со противправна имотна корист, објаснуваат од Министерство за внатрешни работи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.