Вакцинација: Кавадарчани брзаат да се зашитат од грип!
Голем интерес пројавија кавадарчани за заштита од сезонски грип.
Засамо десетина дена од стартот на вакцинацијата во Центарот за јавно здравје Кавадарци се вакцинирале 500 граѓани. За почеток најголем интерес покажале постарите лица –пензионери, а тие имаат можност да ја добијат назад половина од сумата што ја плаќаат. Така од уплатените 400 денари, колку чини вакцината , 200 денари им се враќаат . Но ова важи замо за пензионерите кои преку својот фонд го договориле тоа.
Од Центарот за јавно здравје во Кавадарци нагласуваат дека време за вакцинација сеуште има, а има и доволен бројот на вакцини. Лани за целиот период на имунизација вакцина примиле над 550 граѓани , сега за само десетина дена ова бројка е постигната, а интересот и натаму е голем
Деновиве се очекува да пристигне и нова пратка со вакцини. Од Центарот за јавно здравје апелираат до сите граѓани да не стравуваат бидејќи ќе можат сите заинтересирани граѓани да се вакцинираат.