Млад Македонец со глобален успех: Мајстор во шифрирање!

Објавено на 29 октомври, 2012 во 23:09

Нов успех на својата земја и донесе младиот кавадарчанец Дарко Трајков.

Тој беше единствениот претставник на Македонија на Светското првенство во ХСТ за брзо предавање и примање на морзеови знаци што годинава се одржа во Битенберг  во Швајцарија.

 

Во исклучително силна конкуренција тој  го освои третото место, а се натпреваруваше  во дисциплината руфз. Помеѓу натпреварувачи од четириесетина земји Трајков и овој пат докажа дека Македонија има потенцијал да биде на врвот. За него ова е трето по ред Светско првенство. На претходните две кои се одржаа во Бугарија и Полска го освои второто место, а на Европскиот натпревар во Италија го надмина сопствениот рекорд пласирајќи се на првото место.

Од својата десета година  Трајков е член во Народна техника Кавадарци и уште на стартот  се издвои  како најдобар. Сега е студент на втора година на  Воена Академија и е дециден дека  не планира да се откаже од својата љубов,  ХСТ натпреварувањето. Светското првенство во Швајцарија му е десетто по ред.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.