По случајот со починатото дете од дизентерија, дезинфекција во кавадаречката болница!
Комплетна дезинфекција е направена во кавадаречката болница откако вчера на детското одделение беше примено четиригодишното дете кое почина на детска клиника во Скопје од дизентерија.
Eпидемиолошката служба на центарот за јавно здравје направила дезинфекција и на болничкото возило со кое е извршен транспортот на детето до Скопје.
“Земени се брисеви од вработените во општа болница Кавадарци, иако пред една недела добивме негативни резултати од брисевите што ги земавме од работните површини во болницата. Сега бевме приморани на нови анализи поради овој случај“ рече д-р Ристе Јовановски. Се планира да се направи дезинфекција и во домот на починатото дете.
Од болницата во Кавадарци велат дека сите деца кои биле на лекување на детското одделение биле во добра здравствена состојба.