Нова донација на Фени за учениците со посебни потреби!
Објавено на 4 декември, 2012 во 16:24
Два компјутери, маици и кошаркарски топки добија на подарок учениците од посебните паралелки при ООУ “Страшо Пинџур“ Кавадарци. Им ги донираше „Фени индустри“. Компанијата долги години соработува со учениците кои учат во посебните паралелки.
На предавањето на донацијата дојдоа и кошаркарите на “Фени индустри“, па така дечињата имаа можност да заиграат кошарка со своите идоли.
“Секогаш сме тука да помогнеме во заедницата. Тоа е случај и со денешната наша донација. Редовно ги помагаме потребите на специјалните паралелки“, рекоа претставниците од “Фени“.