Есма ќе ги весели кавадaрчани за Нова Година!

Објавено на 7 декември, 2012 во 08:00

Спектакуларен дочек на Новата 2013 година се подготвува во Кавадарци. Есма Реџепова годинава ќе ги забавува сите кои ќе одлучат за новогодишната ноќ да бидат на градскиот плоштад. Кралицата на ромската песна ќе има 90 минутен концерт заедно со нејзиниот бенд. Пред и после настапот на Есма атмосферата ќе ја развеселат дечките од групата Луда Мара. Очекувањата на општината се дека плоштадот за дочекот на нова година ќе биде целосно исполнет. Точно на полноќ е предвиден голем огномет.

Декември е месец во знакот на новогодишните и божиќните празници. Во Кавадарци се започна со подготовка на новогодишниот амбиент. Планирано е украсување на плоштадот, центарот на градот, улиците Илинденска, 7ми септември, ЈНА и Мито Хаџи Василев.

Локалната  самоуправа годинава од буџетот ќе бидат потрошени дополнителни 500.000 денари, а за украсување ќе се искористат и нови и стари украси.

Од општината  ветуваат  дека градот ќе биде модерно и естетски украсен со цел навреме да се почувствуа новогодишната атмосфера.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.