Преку Агенцијата се вработуваат во Дрекслермаер!
Директорот Поповски задоволен од интересот на Кавадарчани.
Во Дрекслермаер се вработени 300 лица,а интересот за вработување меѓу кавадарчани и невработените од Тиквешијата и натаму е голем.
Центарот за вработување во Кавадарци одговорил на побарувачката на Дрекслермаер и понудил квалификувани лица за производството што го планирале менаџерите.
“Се врши вистинска проверка на кандидатите за работа во Дрекслермаер. Се прават дури и професионални тестови од психолошка база што ќе ги побара компанијата од нас. Сетоа она што го работиме е бесплатно и за работодавците и за невработените, а се со цел за намалување на бројот на невработени. Во моментов германската компанија во Кавадарци има потреба од луѓе кои знаат англиски, германски и работници кои што ќе работат директно на лента“, рече директорот на агенцијата за вработување на Македонија, Влатко Поповски.
Тој додаде дека секој добар бизнис план дава добри резултати и издвои дека по скоро шест години од примената на мерките за самовработување 71% од компаниите што биле формирани се и ликвидни, а имало 17 комании кои вработувале и петнаесетина лица.
Агенцијата за вработување од 23 овој месец ќе отпочне со подготовка на нова база со податоци поради што невработените треба да извршат пререгистрација за да се утврди точниот број на лицата што активно бараат работа. Тоа не значело дека станува збор за нивно бришење од евиденција на невработени лица.