Браната Моклиште на суд!
Поради имотен спор пропаѓа браната во Моклиште. Веќе подолг период е оставена на забот на времето иако истата беше реконструирана пред само неколку години.
Од општина Кавадарци објаснуваат дека се води и судска постапка за овој објект кој граѓаните го коритсат за викенд излети и разлдување во летните месеци.
Спорот го покрена лице од селото Ваташа против Водостопанство Тиквеш. Тој тврди дека е сопственик на спорната површина каде е изградена браната. Од локалната самоуправа се децидни дека сопственост врз комунален објект неможе да има никој. Доколку судот досуди во негова корист, наводниот сопственик ќе биде обесштетен или со кеш или со државни обврзници.
Браната Моклиште е оддалечена само 6 километри од градот. До пред неколку години просторот околу браната беше омилено место за рекреативци и викенд излетници. Голем беше и бројот на туристи од околните градови на Кавадарци особено за време на празнувањето на први мај и втори август.