Сезонава, грипот мирува!
Годинава, три ипол пати помалку грипозни од лани.
Само единаесет лица заболени од грип од почетокот на октомври заклучно со оваа недела се регистрирани во евиденцијата на Центарот за јавно здравје Кавадарци. Споредено со минатите години, годинава бројот е далеку помал. Ова се должи на промената на времето и снежните врнежи, објаснуваат од епидемиолошкото одделение.
“Минатата година доминантен беше сезонскиот тип на вирус на грип или Х3Н2 и вирус на грип од групата Б, а оваа година ќе се земат анализи во Институтот за јавно здравје и ќе се анализира состојбата за да се види кои типови вирус на грип оваа година ќе циркулираат“ објаснуваат епидемиолозите.
Според податоците на Центарот за јавно здравје Кавадарци во сезоната 2010/2011 од грип заболеле 2042 лица, а додека во сезоната 2011/2012 бројката на заболени е драстично помала и изнесува 680 грипозни лица.