Лозарите од Кавадарци на протест пред опозицијата!
Протестот беше подржан од лозари, вработени во повеќе институции во Кавадарци и луѓе кои случајно се нашле на плоштадот. Имаше и такви на кои не им беше јасно докрај зошто се на протест и бегаа од новинарите.
Односот на опозицијата околу кочењето на буџетот ги вознемири лозарите од кавадаречко.Тие денеска и покрај ниските температури излегоа пред седиштето на СДСМ во Кавадарци да го искажат својот револт, од како што рекоа неодговорниот однос на опозиционерите. Стравуваат дека со недонесувањето на буџетот е доведена во прашње нивната егзистенција, бидејќи немало да ги добијат ветените субвенции од државата.
“Со недонесување на буџетот си играат со нашите судбини. Со кочењето на буџетот нема да се исплатат на време и субвенциите. Овој народ е при креј со нервите, и со недонесувањето на буџетот се продолабочуваат маките на лозарите. Во прашање е најранливата категорија која ќе биде длабоко засегната ако не се донесе буџет. И овие луѓе имаат деца за школување“ рече лидерот на лозарите Љупчо Аризанов.
Против опструкцијата на буџетот од опозицијата, на протестот се обрати и м-р Диме Златев, експерт за заштита на растенијата. Побара од пратениците на СДСМ веднаш да ги повлечат поднесените амандмани.
“Дали Игор Ивановски и Марјанчо Николов ќе дозволат да пропаднеме како лозари? Очигледна е нивната намера. Штета би било да пропадне подршката за најдоброто виногорје на Балканот. Кој ке ги плаќа нашите сметки дали ке мора да ги носиме во СДСМ во Скопје на Бихаќка. Нека берат памет пратениците! Ние не сме играчка. Ние сме живи луѓе. Како ќе живееме ако нема буџет, ќе нема никаква исплата од страна на државата. Пратениците од опозицијата ќе не носат на душа нас, нашите деца и внучиња.“ рече Златев на протестот кој беше подржан од лозари, вработени во повеќе институции во Кавадарци и луѓе кои случајно се нашле на плоштадот. Имаше и такви, на кои не им беше јасно докрај зошто се на протест и бегаа од новинарите.