Лозари конечно ќе можат да влезат во лозја!
Сопствениците на лозови насади на патот Кавадарци – Ресава сега слободно можат да влезат во насадите.
Се реши проблемот кој непланирано настана со асвалтирањето на овој патен правец. Тогаш при проширувањето на патот, лозјата останаа отсечени и тешко се влегуваше во нив поради што сопствениците искажаа голем револт.
“Со самата изградба на патот ни беше оневозможено да влеземе во лозјето. Се согласивме да се прошири патот, но не очекувавме дека ќе се сретнеме со овој проблем. Тешко ни беше посебно за време на бербата на грозје. Сега конечно проблемот го решија и безбедно може да си влегуваме во нашите насади.“ коментираа лозарите кои директно беа погодени со овој проблем.
Од општината рекоа дека проблемот е надминат со изградбата на премини до секој насад. Работата била завршена со простанатите пари од проектот за изградба на патот. Ќе се асвалтира и патот кој води до селото Бегниште.
Останува на сила апелот до возачите да ја прилагодат брзината спрема условите на патот, бидејќи по реконструкцијата на овој патен правец се вози со преголема брзина, а веќе невниманието одзеде и неколку човечки животи.