Дупки на патиштата им ги уништуваат возилата на кавадарчани!

Објавено на 6 февруари, 2013 во 22:11

Ќе се санираат ударните дупки кои се појавија на улиците во Кавадарци, но и оние на патот Кавадарци-Неготино.

Причина за оштетување се ниските температури, снегот и зголемената фрекфенција на тешки товарни возила и патнички автомобили.

Возачите се револтирани што поради големите и длабоки дупки на патиштата си ги уништуваат своите возила. Се прашуваат дали треба да се случи некоја поголема катастрофа за да се започне со интервенција.

Реакциите кои деновиве пристигнале до општината се препратени до Македонија-пат, особено оние кои се однесуваат за оштетувањата на патот Кавадарци-Неготино.

Македонија пат веќе ги скенирало проблемите со кои се сретнуваат возачите  и во наредниот период ќе интервенира. Од ова надлежно претпријатие нагласуваат дека ќе се работи со т.н ладен асвалт и ќе се потполнуваат ударните дупки, но ќе се интервенира и на позиции каде е потребно покривање со нов асвалтен слој.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.