Полицијата ги фатила крадците-љубители на злато!
Преку соопштение полициската станица Кавадарци ја информираше јавноста дека успеале да ги расветлат кражбите во двете златари во Кавадарци.
Откриени биле сторителите на вооружениот грабеж на 29 декември минатата година во златарата “МС голд“ кога тројца разбојници со фантомки на главите и со пиштол одземаа златен накит вреден 15-тина илјади евра.
Тогаш по втор пат во оваа златара беше извршена кражба.
Во соопштението полицијата пишуваа дека веќе биле поднесени кривични пријави против сторителите но не се споменуваат ниту нивните имиња, ниту пак иницијали.
До основното обвинителство била покрената кривична пријава и против Д.К (25), крадецот на кој вчера двајца храбри кавадарчани му застанале на патот да го однесе пленот од “Златар Перо“.
“Ве информираме дека безбедносната состојба на станичното подрачје во текот на изминатата 2012 година и на почетокот на оваа 2013 година е стабилна и се карактеризира со значително намалување на криминалитетот во однос на претходната година“, стои во соопштението на полициската станица во Кавадарци.
