Полицијата фатила крадци на грозје во кавадаречко
Стартот бербата на грозе ги донесе и првите проблеми низ лозовите плантажи. Како по некое не пишано правило секоја гроздоберска сезона во кавадаречко изминува со по неколку случаи на украдено грозје. Неделава откриени се и расчистени неколку кражби на грозје.
На излезот од Кавадарци кај„ Југо комерц“ при конторла на патничко возило кое превезувало околу 250 килограми грозје, полицијата открила дека станува збор за украдено грозје. Сомнежите се потврдиле по спроведениот распит на тројцата патници кои признале дека грозјето го украле од плантажите на АД „Гоце Делчев“. Тројцата осомничени признале дека ова не им е прва кражба, туку истото го имале направено во неколку наврати. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, а грозјето е вратено кај сопственикот, потврдуваат од полицијата.
Покрај кражбите на грозје , полицијата во овој период се соочува и со кражби сторени од сезонските работници, кои периодот го поминуваат во Кавадарци. Полицијата апелира граѓаните да бидат особено внимателни, да го заштитат својот имот и да не подлегнуваат на измамите од непознати лица.
Викендот кој измина таков случај е регистриран во Општина Росоман, кога сезонски работник од ромска националност влегол во приватен имот на жител од кој побарал дозвола да се напие вода и притоа доста умешно успеал да му го одземе паричникот. Оштетениот веднаш го пријавил случајот, а благодарение на брзата интервенција на кавадаречката полиција крадецот е фатен, одземен му е паричникот со целата сума на пари која претходно била внатре и вратена е кај сопственикот, а против прекршителот е постапено согласно законските прописи.
Изминатата седмица полицијата регистрирала и кражби на велосипеди.Имено од таму велат дека украдени биле три велосипеди кој по детална истрага се пронајдени кај лица од ромска националност, одземени се, а против сторителите е поднесена соодветна пријава./A.Д
