Полицијата ги засили контролите во сообраќајот

Објавено на 18 септември, 2014 во 13:11

Кавадаречката полиција ги продолжува акциските контроли за да се подигне нивото на безбедност во сообраќајот, но и да се стави ред во паркирањето низ улиците во градот. За време на пазарните денови во Кавадарци се создава голем метеж во сообраќајот кој настанува пред се порадни непрописно паркираните возила.

Со цел да се избегант ваквите појави инспекторите за превенција се на терен и првично ги опоменуваат и казнуваат возачите кои ги узурпираат места и непрописно паркираат.

 

Полицијата апелира пешачките премини, обележаните места за инвалидизирани лица, влезовите пред институциите и пристапните улици до станбени објекти  возачите да не ги користат за паркирање, бидејќи за таквите постапки следуваат високи казни.

„Денеска опеменуваме и делиме покани за сообраќајни поуки, но за помалите прекршоци. За сторените прекршоци кои чинат глоба над 45 евра без размислување следи репресија, бидејќи  ова се континуирани акции кои веќе треба да ја имаат подигнато свеста за сообраќајна култура кај возачите“ велат инспектроите за превенција и најавија зачестени контроли и во наредниот период.

На празникот на градот, 7 ми септември Кавадарци доби модуларен паркинг каде можат да се паркираат околу 80 возила. Но и овој паркинг е мал за да ги собере возилата кои минуваат низ улиците, а возачите имаат потреба да застанат во централното градско подрачје.

Од полицијата нагласуват дека ред мора да има, иако нема доволно паркинг  простор.  Подршка на ваквите акции на полицијата даваат и пешаците, но тие имаат забелешки за необележаните пешачки премини. Велат дека зебрите се избришани и веќе подолго време општината не превзема мерки за нивно повторно обележување./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.