Двајца починати – 48 нови ковид позитивни во Тиквешијата

Објавено на 8 декември, 2020 во 12:01

kavadarci ccovid44208.12.2020

Две лица ја загубиле битката со корона вирусот во изминативе 24 часа во Тиквешијата, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Едно лице е од Демир Капија на возраст од 68 години и едно лице од Неготино на 65 годишна возраст.

Во статистиката на ЦЈЗ во изминатото деноноќие се евидентирани 48 нови позитивни случаи. 

23 се во Кавадарци, 2 во Росоман, 20 во Неготино и три во Демир Капија. 

„Новите позитивни се на возраст од 21 до 90 години. Меѓу нив има еден здравствен работник и наставник од основно училиште во Кавадарци. Во изолација се 13 ученици и еден наставник“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски. 

Во текот на вчерашниот ден во ковид центарот во кавадаречката болница се хоспитализирани нови 6 пациенти. Во моментов овде се на лекување 50 пациенти со средно-тешка клиничка слика.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.