21 нов случај на корона вирус во Тиквешијата – во изолација ученици и наставници

Објавено на 28 декември, 2020 во 11:50

kavadarci ccovid44228.12.2020

Позитивна наставничка од специјалната паралелка во Кавадарци е позитивна на корона вирус. Во изолација се ставени двајца ученици. Дијагностициран е и позитивен ученик од основно училиште во Неготино, поради што во изолација се ставени 12 ученици и еден наставник.

Во тиквешкиот регион, заклучно со синоќа се дијагностицирани вкупно 21 нов случај на корона вирус.

„Во Кавадарци има 12 нови позитивни, седум во Неготино и двајца во Демир Капија. Сите се на возраст од 13 до 81 година“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 Институтот за јавно здравје вчера регистрира по тројца оздравени пациенти во Кавадарци и Неготино. 

Во Кавадарци од вкупно 2051, активни  се 588 случаи, а во Неготино  од  984, активни 332.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.