Тешко повреден работник на ЈП „Национални шуми″ во Кавадарци
Објавено на 10 февруари, 2021 во 11:14
10.02.2021
Како што информира портпаролот на СВР – Велес, Верољуб Додевски, вчера, на 09.02.2021 год. во Полициската станица – Кавадарци било пријавено дека Г.Б.(62) вработен во ЈП „Национални шуми“ од Кавадарци се здобил со повредa при извршување работни задачи во близина на селото Бохула.
Лицето веднаш било пренесено во болницата во Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Мите Јаначков