Теренските проверки покажаа мрзнење на лозата и до 100 отсто

Објавено на 27 јануари, 2017 во 15:57

Од 30 до сто отсто е мрзнењето на окцата кај виновата лоза од поларниот бран со кој беше зафатена Тиквешијата и земјава. Овие податоци ги соопштија од Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството Кавадарци, по направените теренски проверки за степенот на мрзнење на лозјата.

Најголемо е мрзнењето кај послабо отпорните сорти на ниски температури како што се „кардиналот“, афусали, “вранец“ и „смедеревка. Исто така голем е процентот на мрзнење на лозовите насади кои се наоѓаат покрај Црна Река и Луда Мара.

Од Агенцијата исто така информираат дека ги советуваат лозарите како да го извршат кроењето во услови кога има големо мрзнење на лозата.

„Кај подебелите прачки мрзнењето е поголемо. Затоа им препорачуваме на производителите на грозје да внимаваат и да оставаат потенки прачки за ластари. Догодина ќе нема последици од ова мрзнење, освен во лозјата каде измрзнувањето е стопроцентно. Таму ќе треба да се формира ново стебло“ информира Драганчо Николов, советник во работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.