Бизнис секторот ќе помага во намалувањето на малолетничкиот криминалитет

Објавено на 26 ноември, 2013 во 13:19

Со цел помагање на активностите на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво и успешна реализација на програмата што ја има донесено,  денеска во Кавадарци се потпиша меморандум за соработка со бизнис секторот претставуван од претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков.

Бизнис секторот ќе помага преку разни форми да се намалуваат мотивите за малолетнички криминалитет.

 

„Сметаме дека и ова е една општествено одговорна активност што ја потикнуваме со државниот совет, со тоа што пред се ќе ја  поттикнеме бизнис заедницата да влијае во спречување на малолетничкото  престапништво. Сметаме дека бизнис секторот може да вложува на повеќе начини, преку неформалното,  фомралното образование, важна ни е претприемничката култура да биде носител во одвикнувањето,  или барем во поттикнувањето на тие кои веќе имаат мотив за малолетничко престапништво  да се насочат кон подобро учење, општествено одговорно однесување. Сметаме дека ова е првиот чекор кој го прави бизнис  заеницата но не и последен“ рече Бошков и апелираше до  целото население и до бизнис секторот,  да делуваат и помагаат  во  намалувањето на малолетничкото  престапништво.

Претседателот на Државниот совет за превенција од малолетничко престапништво, Владимир Ортаковски нагласи дека советот работи веќе четири години и се задоволни од резултатите кои ги имаат постигнато за да се намали малолетничкиот криминалитет.

„Ја донесовме националната стратегија за превенција,  прва од таков вид кај нас и се гордееме со сите постигнати резултати. Го даваме својот максимален придонес, бидејќи  децата се наше најголемо богатство. Ако се превенира малолетничкото  претстапништво сме направиле многу и за општестовото и за самите малолетници“ рече Ортаковски.

Тој нагласи дека втората работилница се одржува во Кавадарци бидејќи локалниот совет за превенција од малолетничко престапништво од овој град е меѓу најактивните во земјава. Оцени дека во одредени параметри малолетничкото престапништво опаѓа, а во други се зголемува. И тој апелираше сите институции кои се повикани за оваа проблематика заеднички да делуваат./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.