Грабеж на бензинска пумпа
Објавено на 26 ноември, 2013 во 09:52
Непознати лица синоќа околу 19.45 часот ја ограбиле бензинската пумпа која што се наоѓа на магистралниот пат Градско – Прилеп кај мотелот Дреново.
„Три непознати маскирани лица со фантомки на главите влегле во бензинската. Едното во раката држело нож-сатар а другото безбол палка. Со вербални закани и со закани со орудијата кои ги носеле извршиле разбојништво над вработениот Б.П. роден 1954 година. Притоа одземале 50.100 денари од дневниот промет а потоа со патнички автомобил “цитроен берлинго” побегнале од лице место. Увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица Кавадарци“ информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
Полицијата превзема мерки и активности за пронаоѓање на сторителите.
