Петта централа на „Лукар“од денеска во функција (видео)

Објавено на 13 април, 2022 во 14:21

Од денеска во функција е петата мини хидро централа на системот „Лукар“. Свечено во работа ја предадоа градоначалникот Митко Јанчев, и директорот на ЈП Комуналец, Орцо Клинчаров.

Градоначалникот не го криеше задоволството што за краток период централата е ставена во функција и нагласи дека оваа, како и претходните 4 мини хидроцентрали нема да има никакво влијание врз процесот на водоснабдување и врз квалитетот на водата за пиење.

Производството односно инсталираната моќност на оваа хидроцентрала е 152,3 киловати на час, а истото ќе биде променливо во зависност од месечната потрошувачка на вода. Целосната инвестиција, градежниот дел и опремата изнесува околу 23.000.000 денари.

„Општина Кавадарци во оваа криза е најпозитивен пример која покажа како треба да се работи. Ова е трета кампитална инвестиција во краток период“ рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, кој присуствуваше на отворањето на централата и апелираше и останатите градоначалници да го следат примерот на Кавадарци, а ја критикуваше актуелната власт.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.