Пожар во поранешниот ДИК „Страшо Пинџур“

Објавено на 20 ноември, 2013 во 12:21

Територијалната против пожарна единица од Кавадарци денеска претпладне интервенираше на гасење на пожар кој избувнал во кругот на поранешниот Дрвно индустриски комбинат.

Според информациите од командирот на против пожарната единица, Илчо Богевски, причините за пожарот се непознати и дополнително ќе се утврдуваат.

„ Во гаснењето на пожарот учествувавме со едно возило и двајца пожарникари а на лице место беше и едно возило за противпожарна заштита со пожарникар на компанијата. Во локализирањето на пожарот помагаа и самите вработени во компанијата“ рече Богевски .

Во пожарот горел струг и поситни дрвени парчиња.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.