Општината одговори на обвинувањата на кавадаречките социјалдемократи
„Кавадаречката опозиција по ништо не заостанува зад безидејноста на нивните аболицирани челници. Напротив со вчерашната прес конференција се надминаа и самите себе си, во обид на манипулирање со јавното мислење и таму каде што работите се кристално јасни, а правно формално потврдени со првостепени пресуди“ рече во одговор на обвинувањата на ОО на СДСМ Кавадарци, секретарот на општината Ќире Делов.
Тој нагласи дека опозицијата со мноштво реченици без содржина, правела обид за искривување на вистината.
„Да потсетиме дека, на времето кога го имаа мнозинството во Советот, од 2000 до 2006 година, без нималку совест аминуваа скандалозна монструозна замисла преку нивниот Фикс за градоначалник, со која на нај нечовечки начин, свесно и директно им влегоа во џебовите на кавадарчани со потпишување на Пред договорите. Имено: тогаш со физички и правни лица се потпишувани Пред договори за вклопување на нивни објекти во некоја идна урбанизација, земајќи им авансно 30 % од вреднсоста на комуналниот надоместок. До овој момент Барања за повраток на средства имаат доставено 36 физички и правни лица чии износ по основ на повраток на средстсва изнесува 3.761.412 денари. Ова не е вистинската бројка на измамени граѓани од тогашните локални челници на СДСМ. Реално бројот на прелажани граѓани и износот на пари е многу повисок. Граѓаните кои по тој основ платиле една третина од вистинскиот износ на Комуналниот надоместок согласно Програмата за комунална изградба, се заштитиле од рушење на бесправно изградените станбени и деловни објекти, при што им било овозможено приклучување на постојната инфраструктура, како и користење на станбен простор за живеење, а деловен за оставрување на профит“ рече Делов и нагласи дека сето тоа кажано на кавадаречки значело дека граѓаните кои ги спомена СДСМ на пресот Во тоа време биле привилегирани во однос на останатите 10 000 други граѓани и фирми кои платиле комунален надоместок во висина на целосниот износ.
„Можеби повеќе ви одговара да пропагирате „Арамијата вика-држ те го арамијата“.Но непобитен факт е реалниот Закон за постапување со бесправно изградени објекти.Со овој Закон, Граѓаните за своите нелегални објекти плаќаат 30 пати помал износ од реалниот, а Општината почитувајќи го истиот се откажува од тие средства. Но за општина Кавадарци од секогаш граѓаните се пред сето останато“ рече секретарот на општината нагласувајќи дека вчерашната прес конференција на претседателот на СДСМ Кавадарци звучела како „Хитлер да ги брани евреите од геноцид“,
“Од 2006 наваму граѓаните на Кавадарци масовно даваат целосна поддршка на домаќинското, одговорно и законското работење на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот, казнувајќи ве редовно заради вашите недоветни постапки и неодговорни политики, фразерства и критизерство. 13.000 гласови на кавадарчани се повеќе од потврда на нашата исправна политика, со која ги исправаме вашите грешки, вложуваме во стопанството, и развојот на локалната заедница, со отворање на фабрики преку директни странски и домашни инвестиции кои носат нови работни места и економска сигурност за граѓаните“ рече Делов.
Општина Кавадарци предводена од градоначалникот Александар Панов ќе продолжела и понатаму да работи и да ги застапува интересите на сите жители на општината без разлика на нивната политичка, верска и социјална припадност./ A.Д
