„Тиквеш“ го извади младото вино

Објавено на 16 ноември, 2013 во 14:18

Деловни партнери, дипломати, политичари и новинари денеска имаа можност да ги вкусат вината на кавадаречката винарија “Тиквеш“ во рамки на Фестивалот на младо вино.

Оваа манифестација веќе четврта година се одржува во кругот на винаријата, а има за цел да се оцени потенцијалот на младите вина кои следната година ќе го освојуваат светот.

Празнувањето на новото вино, старо само шест недели, е глобален вински настан кој се одбележува низ цела Франција но и на разни страни во светот.

„Кога минатата година ги најавивме ѕвездите од 2012 бевме убедени дека располагаат со одличен потенцијал и она што се случуваше годинава  и освоените  44 медали за нашите производи го потврдија тоа. И тоа не само за светски познатите „Бела вода“ и „Барово“ туку и за целата линија „Спешл селекшн“ рече генералниот директор на „Тивеш“, Игор Илиевски.

Тој нагласи дека годинава откупиле 20 милиони килограми вискококвалитетно грозје од кое ќе се произведуваат и годинава врвни вина. Илиевски рече дека се стремат да ја продлабочат соработката но и да ги освојат пазарите во Америка, Кина и Скандинавија./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.