Тиквешијата го прослави Свети Трифун (видео)

Објавено на 14 февруари, 2022 во 16:10

Лозарите и винарите денеска го слават празникот Свети Трифун. Симболично се изврши закројување на виновата лоза и се упатија молитви за богат и квалитетен род. Во Кавадарци на градскиот плоштад закроија митрополитот на повардарската епархија г. Агатангел, градоначалникот Митко Јанчев, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, пратеникот Зоран Јованчев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Јанчев им посака богат род и добра цена на лозарите, а благослов за квалитетно грозје упати и владиката. Тој во своето обраќање му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски, да врати се што Македонија загубила во изминатиот период, поради, како што рече, луѓе кои емоционално не ја сакале државата…

На обраќањето на владиката реагираше Министерот за локална самоуправа Горан Милевски. Рече дека жали што прославата на празникот на лозарите била претворена во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и за кажаното од владиката…

Премиерот Ковачевски и министерот за земјоделство  Николовски денеска закроија на плантажите на АДЗП Гоце Делчев Тиквеш во Трстеник.

Лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ денеска од Кавадарци упати повторно порака за национално единство и им го честита празникот на лозарите Свети Трифун. Тој одговараше и на новинарски прашања.

Ангел Данов
Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.