Во Тикешијата се поставуваат мерни станици за „смарт“ земјоделство

Објавено на 5 август, 2022 во 13:15

На 18 локации во Тиквешкиот регион започна поставувањето на мерни станици за смарт земјоделство. Земјоделските производители ќе добиваат податоци од електронскиот мониторинг за атмосферските влијанија врз земјоделските површини, а со тоа можност за точно утврден период на потребата од  заштита. Денеска помеѓу „Еуроникел“ и „Југокомерц“ беше поставена првата ваква станица.

Градоначалникот Митко Јанчев изјави дека вкупната вредност на проектот изнесува 10 милиони денари.

„Со овој проект кој е од големо значење за Тиквешијата, земјоделците ќе добијат можност за квалитетна и економска исплатлива заштита на земјоделските култури, ќе се користат помалку препарати, а ефектот ќе биде поголем“ – вели Јанчев.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.