Казнети 14 велешани коишто не пропуштиле пешаци

Објавено на 1 февруари, 2022 во 12:00

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес во текот на вчерашниот ден спроведоа четири часовна акциска контрола на возачи коишто не почитуваат првенство на минување на пешаци.

-За време на акцијата којашто траеше од 11:00 до 15:00 часот, полициските службеници констатираа и санкционираа 14 прекршоци, стои во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес.

Оттаму известувааат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.