Казнети 18 пешаци на подрачјето на СВР Велес
Објавено: 11 мај, 2022, во 12:27 часот
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, била спроведена пет часовна акциска контрола за санкционирање на прекршоци коишто ги прават пешаците во сообраќајот.
-Од 09:00 до 14:00 санкционирани се 18 прекршоци од кои седум во Велес, осум во Кавадарци и три во Неготино, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
Стефани Манева


