Казнети 25 мотоциклисти на територија на СВР Велес

Објавено на 6 јуни, 2022 во 09:54

На територија на СВР Веле, вчера, била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци коишто ги прават возачите на мотоцикли. За време на акцијата биле казнети 25 возачи.

-Од нив, 18 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четири возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.