Казнети возачи во Велес кои не даваат предност на пешаци
Објавено на 23 февруари, 2022 во 12:51
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес во текот на вчерашниот ден, била спроведена пет часовна акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат предност на минување на пешаци на пешачки премин.
– Притоа, биле констатирани и санкционирани 6 прекршоци од кои пет во Велес и еден во Кавадарци, стои во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Стефани Манева