Казни за брзо возење на територија на СВР Велес

Објавено на 7 февруари, 2022 во 09:54

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Сектор за внатрешни работи Велес спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 18 возачи.

-Од нив едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, пет возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 13 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, стои во соопштението на Министерство за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Ѓраѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.