Компанијата „Шилер“ по повод Велигденските празници во Велес хуманитарно ќе подели табли со јајца

Објавено на 12 април, 2025 во 15:08

Две илјади табли со јајца, по повод претстојниот голем христијански празник ќе бидат поделени, утре, од страна на претставништвото во Велес на американската компанија „Шилер“. Хуманитарниот настан ќе се одржи во Младински парк со почеток во 12:00 часот.

Таблите со јајца се наменети за категоријата на велешани кои се во социјален ризик.

Паралелно додека трае хуманитарната акција „Шилер“ ќе организира забава за најмладите, за децата во Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.