Kонцерт на Стојческа, Богоромова Краповски, Краповски и Ромен Петиот од „Алтуз НЗ“ ансамбл се одржа во велешки Театар
Објавено: 20 мај, 2026, во 11:08 часот
Љубителите на класичната музика во Велес, вчера вечер, имаа ексклузивна можност да присуствуваат на концерт којшто го изведоа членовите на ансамбл „Алтус НЗ“ и на кој што изведоа програма составена од дела на македонските композитори Дарија Андовска, Дамјан Темков, Бојан Димитровски, на францускиот композитор Алберт Русел и латино-американските композитори Астор Пјацола, Мануел Мариа Понс и Хеитор Вила Лобос.
„Алтус НЗ“ ансамбл го сочинуваат сопран Гонца Богоромова-Краповски, флејтистката Елена Стојческа, виолончелистот Паскал Краповски и францускиот гитарист Ромен Петио. Станува збор за веќе реномирани музички имиња чии музицирања се познати на македонската но и на сцените на реномирани фестивали во Европа и пошироко.
Алтус НЗ ансамбл (Altus NB) е проект кој е од особено значење за македонската култура како ансамбл кој во континуитет ја одржува потребата за изведба и создавање, а со тоа афирмација и зачувување на македонското современо музичко творештво. Ансаблот се формираше од потртебата за наследник на работата на претходните ансамбли – „Алеа“ и „КонТемпора“, а со тоа, членовите на „Алтус НЗ“ го следат патот поплочен од ансаблот „Св.Софија“ поточно првиот македонски ансабл за современа музика.

Со своето основање во 2021 година, овој македонско – француски состав, постави и платформа за меѓународна соработка помеѓу исклучителни уметници – љубители на современата музика и со едноставна премиса „да се понуди висок изведувачки квалитет, мобилност и флексибилност на концертниот подиум, како и вмрежување на изведувачи, композитори, универзитети и институции за култура и образование“.
И покрај тоа што е релативно нов протагонист на современата музичка сцена, ансамблот веќе вбројува настапи на домашни и меѓународни подиуми, со учество на фестивалите Охридско лето, Денови на македонска музика, Скопско и Штипско културно лето, Les Musicales de Quiberon во Франција, Dynamik Fest во Салзбург и Kosovo Composers Festival во Приштина.
Убавка Јаневска


