Лишен од слобода жител на Ореше кај кого биле пронајдени, без дозвола, ловечка пушка и патрон

Објавено на 6 ноември, 2023 во 12:50

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, вчера, го лишиле од слобода Л.А.(75) од село Ореше, велешко.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „ТОЗ – 63“ калибар 16мм и патрон со калибар 16мм за ловечка пушка.

„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License