Лишени од слобода двајца дилери на дрога во Велес

Објавено на 14 ноември, 2023 во 10:45

Полициски службеници на Полициска станица Велес, вчера, 13 ноември, лишиле од слобода двајца Велешани во чии домови е откриена марихуана, дигитални ваги и пари во различни апоени.

Прво, во 10:00 часот, при претрес во домот на А.Ш (43), извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага додека потоа во 15:00 часот при претрес во домот на О.Ѓ.(43), исто така, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени.

Двајцата Велешани биле приведени во полициска станица и за настанот бил известен Јавен обвинител.

-По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.