Лишени од слобода двајца неготинци

Објавено на 8 октомври, 2021 во 11:45

На ул.„Даме Груев“ во Неготино, вчера, во 18:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода В.К.(32) и Д.К.(59), двајцата од Неготино.

При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пари.

-Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Убавка Јаневска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.