Лизгавиот коловоз причина за четири сообраќајни незгоди утрово во Велешко
Поради лизгавост на коловозот во Велес и на територијата на Општина Градско се случија четири сообраќајни незгоди, во коишто еден маж се здоби со посериозни повреди.
Педесет и осум годишниот С.А од Велес, е потешко повреден додека неговите две сопатнички се здобиле со полесни повреди во сообраќајната незгода што се случи на патот Велес – село Венуле, во близина на село Виничани, кога автомобилот во којшто се возеле се излизгал од патот и завршил во провалија.
-Му укажавме Прва помош на пациентот С.А за којшто се сомневаме дека се здоби со неколку скршеници во пределот на рамо и на граден кош и веднаш го пренесовме на Хиришко одделение во велешка болница. За секој случај во болница се пренесени и двете негови сопатнички, рече д-р Сања Мишева од Итна медицинска помош.
Според информации на оваа служба на Здравствен дом Велес, исто така, лизгавиот коловоз е причина за сообраќајната незгода што се случи утрово и на излезот од Велес, во близина на компанијата „Агриа“, кога жена возач во чиј автомобил се наоѓале и две малолетни деца удрила во карпа покрај патот. По укажаната Итна помош и мајката и двете малолетни деца се пренесени од страна на екипата на Брза помош во велешка болница.
Дума.мк веќе побара информации од портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес за здравствената состојба на сите пренесени повредени во болницата. Информациите ќе ги објавиме што ги обезбедиме.
Стефани Манева