Хуманите луѓе со помош за Стојанови кои ги посети и министерот Спасов
210700000609005 – НЛБ ТУТУНСКА БАНКА со назнака за Јасминка Стојанова
На оваа жиро сметка граѓаните кои сакаат можат да донираат пари за сиромашното седумчлено семејство Стојанови. Денеска нив во Каратманово ги посети министерот за труд и социјала откако вчера Санде одлучи јавно да ја раскаже својата потресна животна приказна. Диме Спасов му понуди вработување на Стојанов како овчар во приватно бачило откако безнадежниот човек вчера очајно бараше работа за да обезбеди сигурна егзистенцијата на неговите деца. На Стојанов министерството не може да му гарантира дека ќе биде вработен во Македонски шуми, каде конкурирал, бидејќи таму ќе влезат само најсиромашните луѓе.
– Во моментов има огласи за вработување на 1600 граѓани кои се во социјален ризик, каде што конкурирал и во тек е процес на еваулација на апликациите. Преку оваа можност ќе се вработат граѓаните кои се во најтешка ситуација. Не можам во моментов конкретно да одговорам бидејќи може има граѓани кои се во полоша состојба и имаат помалку имот. Затоа како што кажав ќе го следиме овој случај и состојбата на ова семејство и ќе се обидеме да му дадеме поддрша и за тековните конкурси и не само во државната администрација, туку и во приватниот сектор, рече Спасов.
Стојанов е благодарен на помошта која ја доби а таа денеска пристигна од сите страни. Од министерството и општината му донираа еднократна парична помош , првите 30 илјади а вторите 10 или 15 илјади денари и апарати за домаќинството.Помош во храна и облека денеска пристигна и од Црвениот крст. Граѓани пак од земјава и странство испратија помош во пари, оти до вчера децата на Санде не можаа да одат ниту во училиште поради сиромаштијата во која живеат. Тој вели дека ќе прифати да работи се само за да се промени тоа.
– Ќе морам да прифатам, само два три дена морам да останам дома, најавија луѓе дека ќе доаѓаат и ќе ми носат помош, рече Санде и се заблагодари на сите што се сетија на него и на неговото семејство.
Стојанови денеска имаат разбирање и од општинскиот инспектор за образованиешто не ги пуштија децата во училиште. Нема да заработат казна. На Стојанови не им се следува социјална помош бидејќи поседуваат 9 декари земја. Законски не им следува ниту надоместок за трето дете иако имаат пет деца.
Денеска во Каратманово најсреќни беа малите Марија, Драгана, Дамјан и Александар Стојанови бидејќи добија играчки на кои им се израдуваа од срце. Единаесетгодишната Александра, се чини дека беше единствената што разбра што всушност се случува во нивниот дом. Девојчето седеше внатре во куќата, стуткано во ќошот на каучот кој татко и го купил, од кредитот кој неможе да го врати и сега се плаши дека извршители ќе му тропнат на порта. /Б.Н

Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.