Малолетничка од Велес се оддалечила од својот дом со партнерот
Објавено на 20 август, 2021 во 11:01
Во Сектор за внатрешни работи Велес, четириесет и пет годишната О.Т вчера,19 август, околу 23:00 часот пријавила дека нејзината петнаесет годишна ќерка Е.Т се оддалечила од домот заедно со петнаесет годишниот М.Р од Прилеп.
– М.Р заедно со Е.Т се во љубовна врска. Според пријавеното, Е.Т во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад, најверојатно е во Прилеп, заедно со М.Р, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.