Маж кршел, се заканувал на вработена и се тепал во казино во Велес

Објавено на 24 јули, 2023 во 11:06

Триесет и седум годишниот Д.Д од село Нежилово, на 23 јули, околу 03:00 часот, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Тој, во казино се заканувал на вработената, се однесувал агресивно, кршел и се степал со друг маж како и со полициските службеници.

-На 23.07.2023 во 03.00 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Д.(37) од с.Нижилово, поради тоа што околу 02.20 часот во казино почнал агресивно да се однесува, да го оштетува инвентарот, заканувајќи ѝ се на вработената и по вербална расправија физички нападнал друг посетител во казиното, како и полициски службеници кои вршеле службени дејствија, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.