Маж од село Бистрица физички ја нападнал својата невенчана сопруга
Објавено на 5 јуни, 2024 во 10:08
Педесет годишниот Е.А од село Бистрица, вчера, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од полициска канцеларија Демир Капија. Тој агресивно се однесувал и физички ја нападнал својата невенчана сопруга, 35 годишната С.Т којашто живеела во истото село.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека за настанот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дума.мк