Маж пронајден починат во својот дом во неготинско
Објавено: 18 април, 2023, во 11:23 часот
Четириесет годишниот В.Д од село Тимјаник, неготинско, вчера, бил пронајден починат во семејната куќа. Случајот во Полициска станица Неготино бил пријавен вчера, во 17:00 часот.
-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Дума.мк


