Млади велешани го создадоа првиот „Зелен катастер“ во градот (фото и видео)

Објавено на 7 април, 2023 во 13:45

Промовирана зелената мапа или „Green map“ мобилната апликација како и интернет страницата на Фондација „Импакт нет“ којашто е спој на сите активности сработени како дел од проектот „Зелена мапа за зелена заедница“. Шеесет и седум младите велешани во текот на овој проект, успеале да мапираат повеќе од 2440 дрвја и во овој зелен катастер изработен од нив има повеќе од 27 мапирани површини на коишто треба да се посадар дрвја.

Стевче Дечев претседател на фондацијата  „Импакт нет“, на денешното промовирање на апликацијата во медијатеката на велешката библиотека, истакна дека главниот фокус на проектот бил поставен на развој на зеленилото, преработката на отпад и регионалната депонија во Велес и велосипедските патеки коишто се дадени како политичко ветување а се уште изостануваат.

Фото: Стевче Дечев претседател на фондација „Импакт нет“

– Направивме огромен ентузијазам кај младите, самите да се вклучат, да одат низ целиот град којшто беше поделен во четири зони, вклучивме и обучивме 67 лидери од средните училишта од Велес и Младински центар. Тие активно се вклучија во активностите и во пренесувањето на порака до советот до градоначалникот и пратениците кои ги слушнаа пораките коишто младите ги упатија. Сега продолжуваме оние коишто се заинтересирани за медиа тим да бидат вклучени во дополителна реализација и промоција на останатите активности, ние како фондација обезбедивме средства за интернет радио, за младинска редакција, промотори на позитивни практики кај младите, потребата од посветеност за грижа на животната средина. Ова е крај на еден проект, но и почеток на нов во којшто веруваме дека овој малдински ентузијазам ќе даде огромен придонес, додаде Дечев.

Фото: Иван Трифунов

Иван Трифунов, студент на ФИНКИ,  ја изработи мобилната апликацијата наречена „Green map“ којашто наскоро ќе  биде објавена на Google play store и сите ќе можат слободно да ја симнат коишто користат андорит мобилни телефони.  Во продолжение погледнете го видеото на коешто се прикажани сите можности за апликацијата „Green map “.

Видео: Green Map mobile app
Фото: Учесници во проектот

Овој проект е поддржан од Влада на Швајцарија преку програма за изборни реформи на МЦМС и ИФЕС.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License