Младите од Локален младински совет предлагаа предлози за иницијативи што би ги работеле во Велес (видео и фото)
Инклузија на младите, заеднички проекти за поттикнување на спортот преку дружење, игри без граници на Градски базен, камп на велешко езеро, Младинско културно лето беа само дел од предложените иницијативи на членовите на Локален младински совет и Младински центар Велес за организирање на настани што ќе ги поддржи УНДП и Фондот за население на ОН.
Тие беа само првични предлози за кои разговараа младите денеска во Велес за кои поддршка ќе треба да даде и општина Велес.
Ивана Петровска, координатор на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба на УНДП рече дека станува збор за поттикнување на иницијативи, на млади од пет општини во Македонија, од кои една е општина Велес.
Кристијан Ангелески од Фонд за население на ОН соопшти дека во текот на месец јуни ќе бидат организирани и обуки за младите во градот.
Сега следи постапка на дефинирање на двете иницијативи, кои младите велешани ќе ги напишат и аплицираат, во УНДП и УНФПА. Иницијативите доколку бидат прифатени од донаторите и поддржани од општина Велес ќе бидат реализирани во Велес.
Убавка Јаневска